Како дома да ја исчистите кожената јакна

Доаѓа есента па едно од парчињата што ќе ги извадиме од плакарот е секако и кожената јакна.

Како да ја исчистите дома и да заштедите пари:

 

Кожената јакна можете да ја исчистите ако ставите малку детергент за садови во топла вода. Потоа земете крпа и натопете ја во течноста, исцедете и со неа пребришете ја јакната. Никогаш не бидете груби при чистењето на кожените јакни, бидејќи многу лесно се оштетуваат. Исто така, не користете ниту премногу вода, затоа што може да остане голема дамка.

 

Во чистењето на дамките може да ви користи и пастата за забори. На дамката нанесете мало количество паста, но внимавајте да не е гел паста. Земете мека крпа и нежно тријте додека дамката не исчезне. Повторно, не претерувајте бидејќи така ќе го оштетите површинскиот слој. Потоа, остатокот од пастата на јакната отстранете го со чиста и влажна крпа.

 

Зза да го спречите сушењето и пукањето на кожата, со што ќе ја направите отпортна на дамки во иднина, нанесете соодветен омекнувач за кожа. Ако дома немате таков производ, направете го сами. Помешајте оцет и ленено масло во размер 1:2. Нанесте ја кожата и чекајте 15-тина минути, а потоа полирајте со чиста крпа додека кожата не стане сјајна.

 

Масните дамки и дамките од пот на кожената јакна можете да ги средите со помош на сода бикарбона. Нежно тријте ја дамката со важна карпа, на која претходно има сода. Нека отстои неколку часа (најдобро преку ноќ), а потоа пребришете ја со мека крпа и исушете со хартиени марамчиња.

Scroll to Top