Канадски милијардер и неговата сопруга пронајдени мртви

Канадскиот милијардер Бери Шерман, основач на фармацевтската компанија „Апотекс“, и неговата сопруга се пронајдени мртви во својот дом во Торонто. Претставникот на полицијата Дејвид Хопкинсон изјавил дека „околностите околу смртта на милијардерот и неговата жена се сомнителни и во тек е истрагата за случајот“.

Компанијата на Шерман се наоѓа меѓу седумте најголеми компании во областа на фармацијата, со годишен приход од преку 2 милијарди канадски долари.

Двојката има четири деца. Канадскиот премиер Џастин Трудо упати порака со сочувство преку социјалната мрежа „Твитер“.

Scroll to Top