Канаѓанец 47 години чува неотворен подарок од поранешната девојка

Канаѓанецот Адриан Пирс го чува подарокот од поранешната девојка неотпакуван цели 47 години. Тој раскинал со неговата тогашна девојка пред Божик, но таа сепак му го дала подарокот. Адриан тогаш имал 17 години.

„Одев дома лут и нервозен, а кога стигнав само го фрлив подарокот под елката. Откако моето семејство ги отвори сите подароци, остана само тој, но јас реков дека нема никогаш да го отворам“, раскажал Адриан за подарокот кој и ден-денес го чува.

Неколку години по раскинувањето тие повторно се сретнале, но никогаш не се смириле. Од нејзината сестра во 1977 година добил телефонски броеви, нејзиниот, од местото каде што работела и од нејзините родители, но кога оваа година се обидел ода ја добие, сите три броја биле исклучени.

Адриан сега се обидува да ја пронајде преку социјалните мрежи  и вели дека подарокот ќе го отвори на 50-годишнината, а се надева дека и таа ќе биде тука за тоа.

Scroll to Top