Католичка црква воведе плаќање на милостина со кредитна картичка

За да не заостане во дигиталната доба, Католичка црква во Франција инсталираше терминал за плаќање на милостина со картичка од своите лојални парохијани.

Ова дигитално надоградување е воведено во црквата Свети Францоис де Молитор во Париз.

Побожните католици сега ќе можат едноставно да ја искористат својата картичка на еден од петте бежични терминали кои кружат во текот на мисата во традиционална плетена кошница, претходно користена за собирање на црковните милостини.

Давателите на милостина имаат можност да дадат сума на пари која варира од 2 до 5 евра, иако Црквата негира дека најдобро е да се плати во кеш.

„Црквата се залага за давање на поддршка на сите во новите начини на живот и потрошувачка“, изјавиле преку соопштение од Парохиската епархија.

„Дематеријализацијата на средства со плаќање исто така е дел од предизвиците со кои Црквата мора да се соочи. Било преку кошничките за милостина, или преку бесконтактно плаќање или преку смартфон апликација“, се дополнува во соопштението.

Scroll to Top