Ќе се снима филм за Берлускони

Италијанскиот режисер Паоло Сорентино во Рим снима сцени од филмот за животот на некогашниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, а мноштво девојки во кратки здолништа и високи потпетици го привлекле вниманието на многу туристи и минувачи.

Првата сцена е снимена ноќта во вторник, меѓу Римскиот форум и Колосеумот, пред очите на туристите, според снимки што биле објавени во италијанските весници

За улогата на Силвио Берлускони, кој четирипати беше италијански премиер, режисерот се обратил кај својот омилен актер Тони Сервило.

Џанпаоло Тарантини, пак, човекот што беше обвинет дека носел проститутки во куќата на Берлускони, ќе го глуми актерот Рикардо Скамарчо. Сопругата на Силвио, Вероника Ларио, ќе ја игра Елена Софија Ричи.

Scroll to Top