Кенгур претепал момче кое се обидувало да го убие

Деветнаесетгодишниот Џошуа Хајден ниту во најлошите сништа не можел да сонува дека од лов на кенгури ќе се врати со скршена вилица и затворено око.

Момчето во вторникот вечерта тргнал во лов на кенгури со својот брат во Келеберин, западна Австралија, но животното му нанело сериозни повреди на окото и вилицата, пишува „Дејли мејл“.

Џошуа вели дека пукал во два кенгура од автомобилот и кога се наведнал низ прозорецот еден од нив го нападнал. Откако едниот кенгур побегал, тој нанишанил кон другиот, но животното успеало да го нападне пред да го повлече чкрапалото.

Момчето се здобило со тешки повреди на главата и фрактура на вилицата, а во моментов се наоѓа во болницата „Ројал Перт“.

Хајден речиси пола минута останал без свест, а кога се разбудил мислел дека неговиот брат го удрил.

„Удри и во возилото и го скрши предниот прозорец. Тогаш се врати  и ме удри право во вилицата“, изјави Хајден за ABC.

Scroll to Top