Кинезите нудат работа платена МИЛИОН ДОЛАРИ – Но бара ПРЕМНОГУ

Но, уште никој не успеал да пронајде која е причината поради која оваа работа е толку барана.

Кина го продолжува својот пробој во истражувањето на вселената, но има неочекуван проблем, кога станува збор за нејзиниот најамбициозен проект.

Кинеската влада бара човек кој ќе го надгледува секојдневното функционирање на најголемиот радиo – телескоп на светот и тоа за плата од 1.2 милиони долари и бесплатно место на престојување.

Телескопот со пречник од 500 метри, познат по акронимот FAST, може да прими радио – сигнал од деловите од вселената оддалечени 1000 светлосни години, што го прави водечки инструмент на денешницата со потрага за вонземјански облици на живот.

 

Постојат неколку причини поради кои е тешко да се пронајде менаџер за овој проект.

Прво, тоа мора да биде со некое извонредно знаење, особено за неговите иновативни компоненти кои бараат прецизни тестирања и калибрација.

Кандидатот притоа мора да има 20 години искуство, како и водечка улога на некој водечки проект на радио – телескоп, како и професија на професор на некој угледен институт или универзитет.

 

Scroll to Top