Книжевно пладне посветено на Видое Подгорец

На 28 септември во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи книжевнo пладне по повод 20 години од смртта на поетот, раскажувач и романсиер за деца, Видое Подгорец. За делото на Подгорец ќе зборува проф. д-р Кристина Николовска, а делови од неговото творештво ќе интерпретираат ученици од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје.

Видое Подгорец е еден од најпознатите поети, раскажувачи и романсиери во македонската книжевност за деца. Автор е на десетици дела, а како негови значајни остварувања се издвојуваат: збирките поезија „Развигорче“, „Весела азбука“, книгите раскази „Прости ми канаринке“, „Шумскиот разбојник“, „Приказна за селото“. Автор е на многу романи од кои се издвојува култниот роман „Белото Циганче“.

Scroll to Top