Колку всушност се намалени цените за време на црниот петок?

Црн петок е познат како ден кога во продавниците има толку голем попуст што речиси секогаш доаѓа до масовни тепачки меѓу луѓето.

Често се случува луѓето од продавниците да излезат со телесни повреди, кривични пријави и без производот што сакаат да го купат.

Овој празник, ако така можеме да го наречеме, во последните години е сѐ популарен и во државите на Балканот. Најчесто поставувано прашање е колку цените во балканските земји всушност се спуштени за време на овој ден и дали се исплати да се пазарува воопшто.

За разлика од претходните години, оваа година може да се каже дека цената на листата на понуди на некои од најголемите технолошки продавници се прилично намалени. Имено, многу од нив нудат големи попусти на лаптопи, мобилни телефони, телевизори и друг вид опрема.

Попустите често се движат и до 50 отсто, што, ќе признаете, е прилично добра заштеда.

Така, на пример, „ајфон 6“ во Србија со цена од 587 евра е намален на 419 евра, што значи дека, доколку сте се одлучиле да го купите, сте заштедиле 168 евра.

Лаптопите за време на траењето на црниот петок (во некои продавници важи и за време на викендот) може да се пронајдат и за 30 отсто помала цена. Цените на конзолите за играње исто така се со намалени цени, па „Сони Плејстејшн 4“ може да се најде и за 100 евра подолу од вообичаената цена.

Најголемиот попуст од 50 отсто важи пред сѐ за малите и домашни апарати, а намалувањето на телевизорите се движи до 30 отсто.

Каква е состојбата во Америка?

Според водичот на намалените цени што го состави престижното економско списание „Форбс“, во најголемите американски продажни синџири – „Валмарт“, „Бестбај“, „Амазон“ и други – најчесто намалени се цените на телевизорите, паметните телефони и звучници.

Намалувањето главно се движи од неколку десетици, па до неколку стотини долари.

Така, на пример, „Плејстејшн 4“ намален е 100 долари, а „ајфон 6“ 70 долари, па сега чини 129 долари.

Најголемото намалување на цените се однесува на телевизорите со УХД-резолуција, кои се воедно и најскапи, па во текот на црниот петок овие уреди може да се пронајдат и со неколку стотини долари поевтина цена.

Вреди ли да се оди во шопинг?

Да резимираме. Доколку сте размислувале за набавка на нов телефон, лаптоп или некој друг домашен уред, не би било лошо да ги искористите попустите за време на црниот петок.

Иако уредите кај нас се многу поскапи за разлика од Западот, ретко кој има тетка преку границата која може да му испрати „ајфон“, која таму може да го добие речиси џабе, па сега нивното купување, кога попустите се во прашање за време на празникот, е идеално решение.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top