„Крафтверк“ со 3Д-концерт во Скопје

Пионерите на електронската музика, германската четворка „Крафтверк“, доаѓаат во Македонија. Веста е потврдена и на нивната официјална интернет-страница. Концертот е закажан на 27 февруари со почеток во 20.45 часот, во салата „Борис Трајковски“.

Концертот е најавен како спектакуларно доживување бидејќи оваа турнеја им е во вид на 3Д-концерти. Всушност, скопскиот концерт е последен во нивната светска турнеја што ја започнаа пред неколку години.

„Крафтверк“ во Скопје беше во јуни во 2005 година, а тогашниот концерт беше целосно распродаден. Бендот е основан 1969 година и одигра историска улога во популаризирањето на електронската музика. Има издадено десет албуми.

Организатор е „Пасворд продукција“.

Scroll to Top