Кршењето на авторските права во музичката индустрија во пораст во целиот свет

Оваа година околу 40% од корисниците пристапиле во музичките содржини без лиценца во однос на 35% од минатата година.

Пиратеријата во музичката индустрија е во пораст ширум светот, при што оваа година околу 40% од корисниците имаат пристап до музичките содржини без лиценца, во однос на 35 проценти минатата година, според сегашните податоци од Светското здружение на музичката индустрија.

Интернет пребарувачите ја олеснуваат пиратеријата, наведува Меѓународната федерација на фонографска индустрија (IFPI) во извештајот повикувајќи се на владите во земјите каде што се одвива акцијата, пренесува агенцијата AFP.

„Кршењето на авторските права и понатаму расте и еволуира, при што доминантен метод е неовластеното преземање музички фајлови на нелегални стриминг платформи (таканаречени стрим рипинг)“, изјави шефицата на IFPL, Френсис Мур.

„Со обилната лиценцирана музика која е достапна на фановите, овој вид илегални сајтови немаат оправдано место во музичкиот свет“, изјави таа повикувајќи се на заострувањето на регулативите во секторот на дигиталната музика.

На основа на анкетите спроведени меѓу корисниците во 13 земји, во извештајот е утврдено дека повеќето слушачи на нелиценцирана музика користат стрим рипинг за пристап на пиратската содржина.

35% од сите корисници на интернет користат стрим рипинг во оваа година, додека минатата година биле 30%.

Стрим рипинг сајтовите им овозможуваат на корисниците да ги претворат фајловите кои се репродукцираат на платформите за стримување како што се „Спортифај“ или „Јутјуб“, во облик во кој може трајно да се преземаат.

Процентот на корисниците на овие сајтови пораснал на 53 проценти меѓу популацијата на возраст од 16 до 24 години, додека кај генерацијата стара меѓу 55 и 64 години, има само 18 проценти.

Во извештајот се наведува дека пребарувањето „игра клучна улога во кршењето на авторските права“, при што 54% од оние кои ја преземаат нелиценцираната музика користат Гугл.

Youtube-mp3.org, е најпопуларниот светски стрим рипинг сајт од кој милиони корисници ги претвораат јутјуб видеоснимките во аудио датотеки. Тој беше затворен на почетокот на овој месец, по една правна кампања која ја покрена IFPI.

Scroll to Top