Кучето на кое му ставија петарда е оперирано, доби име Бисера

По два дена трагање, кучето на кое деца му фрлиле петарди во уста во Скопје е пронајдено и оперирано. Го оперираше доктор Марин. Кучето доби и име, се вика Бисера.

„ По 2 дена трагање по кучето кое се распаѓало од болка, сега е оперирано и потребна е помош за да се спаси“, велат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“.

Па така и на социјалните мрежи јавно се бара да се покријат трошковите за операцијата на кучето Бисера. Операцијата чинела 7.000 илјади денари, плус 300 денари за еден болнички ден. На Фејсбук се споделува бројот на трансакциската сметка за да се соберат пари, кој колку може и да се покријат трошоците.

Scroll to Top