Летајќи над Германија, пилотот исцрта виртуелна елка на небото   

Пилотот на авионот „ербас A380“ за време на пробниот лет нацртал виртуелна елка над Германија.

Во текот на летот тој направил повеќе кругови и аголни кривини за да исцрта обрач на елка со висечки украси.

Портпаролот на „Ербас“, Хајко Штолцке, изјавил денеска за агенцијата дека летот од речиси пет часа поминат во текот на денот е стандарден интерен пробен  лет на компанијата пред испораката на нов авион.

Тој изјавил дека идејата летот да биде изведен во облик на елка ја имале пилотот и инженерите на авионот и дека е изведен во соработка со контролата на летот. Авионот полетал и слетал од погонот на „Ербас“ во Хамбур.

Scroll to Top