Либанката Дана Воли Зајат цела година ја шиела својата венчаница

Либанката Дана Воли Зајат не успеала да пронајде во продавниците венчаница што ѝ се допаѓа, па решила да ја направи сама. Ја нацртала скицата од фустанот што ѝ одговара и тргнала да ја изработува венчаницата, за што ѝ требало цела година.

Дана за соработка се обратила кај либанскиот бренд „Еспоса“, чии луѓе ѝ излегле во пресрет и цели 365 дена работеле на венчаницата. Интересно е тоа што рачното шиење на бисерите и на светките траело два месеца.

Таа целиот процес го забележувала и го објавувала на „Инстаграм“. Убавицата од Либан, покрај овој, во текот на венчавката сменила уште два фустана.

Scroll to Top