Македонец готвач има најдобар ресторан во светот

Готвачот Рене Реџепи, по потекло од Македонија, е на 11. место на листата на 100 највлијателни луѓе во Данска според магазинот „Тајм“. Реџепи, кој живее и работи во Данска, води ресторан кој  двапати е прогласен за најдобар ресторан во светот.

Рене има 37 години. Неговата мајка е Данка, а татко му Албанец роден во Македонија. Во едно интервју од 2010 година за тв-мрежата ABC News за тоа дали данските или македонските корени се „виновни“ за неговиот талент за готвење, тој одговара: „Македонските, се разбира“.

Реџепи е роден во Данска, а потоа се преселил во Македонија каде што живеел сè до распаѓањето на Југославија.

Неговиот ресторан „Нома“ во Копенхаген беше прогласен за најдобар ресторан во светот во 2010 и во 2011 година.

Scroll to Top