Македонката Илина Соколовска освои сребро во ритмичка гимнастика  во Германија

Македонското девојче Илина Соколовска го освои среброто на натпреварот по ритмичка гимнастика, што се одржа минатата недела во Изелхост, Германија. Дополнителен мотив за  Илина и второто место е тоа што се натпреваруваше во група со повозрасни натпреварувачки и успеа да ги остави зд себе.

„Овој натпревар, кој е на ниво на Република ја охрабри Илина бидејки има подобро резултати од многу девојчиња кои со оглед на годините се во повозрасните категории, но и кои високо котираат на ранг листата на Германија.  Колку за пример натпреварувачката која на ранг литата на Германија е втора, на овој натпревар по бодови е зад Илина. Таа го освои третото место. Презадоволни сме и јас и Илина. Таа го даде максимумот од себе и затоа разликата во резултатот меѓу првопласираната и Илина, која е втора е многу мал.  Освен тоа и Илина има 11 години а е натпреваруваше во погорната група, со натпреварувачки од 12 години, што е дополнителен мотив. Ова сребро добро и дојде пред државниот натпревар, големиот натпревар кој ќе се одржи во фебруари идната година. На него на ниво на цела Германија ќе се натпреваруваат 16 гимнастичарки“, вели Горан Соколовски, татко на талентираната Илина.

Ова не е прва награда што Илина ја има освоено. За нејзините 11 години таа досега се закитила со многу први, втори и трети места, односно со многу злато, сребро и бронза на републички и дрќавни натпревари во Германија. Секој настап таа е дупло горда. Се натпреварува во Германија, но со македонски пасош и под македонско знаме.

Scroll to Top