Македонскиот филм „Еклер“ награден на фестивалот во Нанси

Во францускиот град Нанси вчера (3 септември) заврши 23. издание на Меѓународниот филмски фестивал од Нанси (ФИФН), а македонскиот краткометражен филм „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ ја доби Големата награда на фестивалот, што се доделува за сите натпреварувачки селекции на фестивалот.

Меѓународното жири составено од Елица Петкова, режисерка од Бугарија, Хајме Патрицио Пинто Гаридо, режисер од Чиле, и Карлос Рендон Зипагуата, режисер од Колумбија, едногласно на македонскиот филм му ја доделија најпрестижната награда на фестивалот, чиј режисер, според нив, покажал голема уметничка вештина и кинематографски квалитет.

Покрај „Еклер“, на фестивалот во натпреварувачката селекција беше прикажан и филмот„Крајот на времето“ на Милчо Манчевски.

На Меѓународниот филмски фестивал од Нанси се прикажуваат речиси 150 филма, од кои половината се краткометражни во разни натпреварувачки категории.

Scroll to Top