Македонските танчерите со Даунов синдром освоија бронзен медал во Данска

Танчарите со Даунов синдром од танцовото студио „Дансерс јунајтед МК“ го освоија трето место на Светското првенство во модерни танци кое деновиве се одржува во Копенхаген, Данска. За разлика од лани, кога го освоија шестото место, годинава се трети, а се надеваат дека до година ќе успеат да го освојат и првото место.

 

Во танцовата екипа се Александар Матовски -Цако, Оливер Блажевски, потоа Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, но тука се и Дарко Ефтимовски и Ена Митревска. Танцовата екипа ја предводеа менторите и нивни тренери Сара и Нермин Кочан и Виолета Балшевска.

Натпреварувањето трае до 21 овој месец, а лица со попреченост и лица со типичен развој се натпреваруваат во повеќе танцови категории. Танчарите од „Дансерс јунајтед МК“ се натпреваруваа во интегративна паратанц група во хип хоп. Првото и второто место во оваа група го освоија танчари од Германија.

Настапот во Копенхген е второ учество на танчарите со Даунов синдром на Светското првенство во модерни танци. Лани тие настапија на танцовото првенство во Грац, Австрија.

Scroll to Top