Меѓу Норвежаните кружат голи фотографии од Нора Морк

Норвешката ракометна репрезентација ја тресе скандал, експлицитни фотографии од најдобрата ракометарка на Норвешка, Нора Мерк, кружат меѓу играчите на машката репрезентација.

Мобилниот телефон на Нора Мерк бил хакиран додека била со репрезентацијата и од него биле преземени голи фотографии на ракометарката, кои набргу почнале да кружат меѓу репрезентативците на Норвешка, кои во моментот се во Хрватска на Европското првенство.

Нора Мерк подготвува тужба и најавува заминување од националниот тим.

„Скршена сум. Тоа е мое опкружување и мислев дека тие луѓе се грижат за мене. Разочарана сум. Сојузот е известен дека размислувам за својата иднина во репрезентацијата и дека не сакам да бидам дел од колектив што не ме штити мене, а ги штити колегите што направиле сексуално вознемирување“, рекла 26-годишната ракометарка.

Селекторот на машката репрезентација, Кристијан Берге, и капитенот Бјарте Морхол не сакале да одговараат на прашањата поврзани со овој скандал.

Норвешкиот сојуз признал дека има информации оти некои ракометари имаат фотографии од Мерк во своите мобилни телефони. Исто така, Сојузот одбил финансиски да ја поддржи ракометарката во правната борба.

 

Scroll to Top