Месечен хороскоп за декември

Овен

Во следниот период ќе ја загубите желбата за работа зашто сметате дека не сте доволно ценети на работното место. Единствен проблем со здравјето е вашата меланхолија, а тоа може да ви го комплицира животот. Не правете драма ако не морате. Животот е многу полесен без стресови. Разбудете ја страста во вас. Не чекајте на другите, преземете го првиот чекор.

Бик

Не откажувајте се во моментите кога треба да уживате во плодовите од вложениот труд. Играјте тимски, прифатете ја соработката со колегите. Првата недела од месецот обрнете внимание на здравата исхрана. Љубовта е поблиску одошто ви се чини, бидете мирни, трпеливи и упорни. Не пропуштајте ги љубовните шанси кои ви ги доделува животот.

Близнаци

Внимавајте како се однесувате со колегите. Држете се до својата професија и она што таа го бара. Во однос на здравјето, нема причина за паника! Иако сте склони кон настинки, овој месец бидете мирни. Вежбајте, создадете си здрави навики. На љубовен план нема да ви се исполнат очекувањата, но ваквиот период ќе трае кратко. Не запоставувајте го друштвото.

Рак

Некои колеги отворено ќе ви покажат дека ви се наклонети, други ќе ви покажат дека не ве сакаат. На овој начин ќе знаете со кого имате работа. Кон крајот на месецот ве очекува прилив на пари. Во некои денови ќе се чувствувате меланхолично, но нема да имате големи здравствени проблеми. На љубовен план, нема да запрете додека не го најдете својот идеал.

Лав

На работното место ќе научите нешто ново, но и ќе напредувате. Обидете се што помалку да ги трошитe паритe на непотребни работи. Пред вас се денови со добро расположение. Ослободете се од преголемите љубовни очекувања. Одолејте им на искушенијата. Бидете толерантни. Ако партнерот ве испровоцира, воздржете се. Размислете двапати пред да кажете нешто.

Девица

Во текот на месецот најдете начин за соработката, прифатете компромиси. Не терајте по свое зашто главниот збор го имаат други. Овој месец ќе имате проблеми со синусите, па посетете лекар. Во љубовта ќе бидете неодлучни. Ќе сакате и мирни вечерно, но и ноќи исполнети со лудување и многу забава. Бидете пољубезни со луѓето во вашата околина.

Вага

Бидете умерени кога се парите во прашање и не трошете непотребно. Работата ви создава замор, но и задоволство заради постигнатото. Не плашете се. Нема да ги изгубите истрајноста и волјата за нешто ново. Внимавајте на нозете, но и на грлото. Во однос на спротивниот пол саката да глумите недопирливост, а тоа само ќе ги оттргне потенцијалните партнери од вас. Флертувајте почесто.

Скорпија

Размислувате за нови вложувања. Некои скорпии ќе се обидат да ги остварат своите желби на оригинален начин. Ослободете се од непотребниот умствен товар. Намалете со јадењето, движете се повеќе. Во следните денови ќе имате многу шанси да ја зацврстите врската. Ќе ви се зголеми љубовната самодоверба.

Стрелец

Не пропуштајте ги деловните шанси. Декември е месец на многу можности, бидете внимателни. Сепак, стрпете се од прекумерно трошење. Во првата недела декември вашата здравствена состојба ќе биде добра, но во почетокот на втората недела намалете го темпото на животот. Венера во вашиот знак ќе направи да се чувствувате секси и ќе ви донесе хармонија. Ако сте сингл, можни се флертови и бројни авантури.

Јарец

На работа се можни проблеми со луѓето со кои сте биле во добри односи, но можно е некои работи да се свртат во туѓа полза. Обидете се да ги остварите своите планови, особено во втората половина на месецот секоја неочекувана промена може да влијае на вашето здравје. Заситени сте од излегувања, ќе сакате мир. Најдобро ќе се чувствувате во сопствениот дом. Не запоставувајте го семејството.

Водолија

Месецов ќе мора да соработувате повеќе со другите. Ставот дека некој не е добар, особено ако се однесува за вас, е лош. Поработете на себе. И на вашето тело му е потребен одмор. Внимавајте да не се оптоварувате премногу. Ќе ви се чини дека љубовта ви бега од раце, а тоа ќе ве растажи. Хранете се што е можно поздраво.

Риби

Вашиот труд ќе биде ценет, а на моменти ќе имате чувство дека премногу ве истакнуваат. Скромноста што ја поседувате ќе биде пример за другите. Овој месец ќе работите вредно, а тоа ќе вроди со награди. Обидете се да спиете повеќе, 7 до 9 часа дневно за телото да може нормално да функционира. Ќе добиете интересен љубовен повик, но ве очекува и средба со некоја поранешна љубов.

 

Scroll to Top