Моден викенд Скопје по 16. пат

Од 22 до 24 октомври во хотелот Мериот во Скопје ќе се одржи 16. издание на Моден викенд Скопје. Заштитно лице на шеснаесеттиот Моден викенд Скопје е Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“, фотографијата ја изработија Ани и Дими, а графички дизајнер на визуелниот имиџ е Дејан Зафировски.

Како секоја сезона така и оваа Моден викенд Скопје испраќа порака кон јавноста со кампања која овој пат е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket, а покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“. Во активностите на Моден викенд Скопје овој пат ќе им се придружи и Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

„Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како купувачи на облека. Треба да ја подигнеме свеста облеката што ја носиме да не е сработена од луѓе кои се експлатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд ‘Купувајте помалку, но одберете внимателно’,“ велат организаторите на Моден викенд Скопје.

Затворањето на Моден викенд Скопјр ќе се случи на 25 октомври во иновативниот центар на Македонски телеком.

Scroll to Top