Момче викаше по психопатот во Лас Вегас – „Ајде пи***“, додека куршумите летаа околу него

Уште една трагедија ја снајде Америка кога психопатски масовен убиец почна да пука во насобраната толпа на музички фестивал во Лас Вегас.

Додека модерниот кантри-пејач Џејсон Алден го изведуваше својот перформанс пред илјадници свои фанови, во неделата вечерта на музичкиот фестивал Route 91 Harvest, во Лас Вегас, рапидното пукање почнало да се меша со мелодиите што доаѓаа од сцената.

Криците на фановите се претворија во вресоци на ужас кога музиката стивна. Невините љубители на концертот бегаа од ужасот додека напаѓачот Стивен Педок пукаше во толпата од 32. кат во хотелот „Менделеј Беј“.

Најмалку 58 лица го изгубија животот, а уште 515 беа поведени во инцидетот во кој голем број од муницијата од огненото оружје заврши во публиката.

Додека повеќето од учесниците разбирливо беа ужасени од сцената во која куршумите паѓаа како од пустинско небо, во јавноста излезе и видео кое прикажува како едно момче застанало за инает на терористот и извикувало бесно кон затемнетото небо по лудакот што го повлекол петлето.

Со кренати раце неименуваното момче останало поштедено додека другите лица бараа засолниште и врескаа.

Можеби храброста на тој човек беше помешена со алкохол, а можеби и било лудо или само бесно и храбро.

Без оглед на причината на неговата реакција во текот на тој страшен настан, храброста во очите можеа да ја видат многумина.

Во продолжение гледајте ја снимката:

Scroll to Top