МВР го објави ликот на осомничениот за убиство на Мартин Јанушев

Филип Секуловски (28) е осомничен за убиството на Јанушев и по него е распишана меѓународна потерница.  Тој е ставен на листата за потраги објавена на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи.

МВР соопшти дека Секуловски е осомничен за убиството на Јанушев и дека по него е распишана меѓународна потерница.

„Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев. Поднесена е и кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот“, изјави пред неколку дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Scroll to Top