МВР распиша потерница по убиецот на Мартин Јанушев

Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Скопје, а пренесе а1он.мк.

– Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот, рече Спасовски.

Додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.

28-годишниот Мартин бил син на полициски службеник и брат на вработен во единицата Алфи.

Тој беше застрелан на 3-ти ноември, околу 18 часот пред влезот на зградата во која живеел, во населбата Аеродром.

Дел од очевидците раскажаа дека врз него било стрелано 4-5 пати во пределот на главата и вратот.

Јанушев играше за клубот „Локомотива“, а претходно кариерата ја градеше во клубовите „Маџари Солидарност“ и „11 Октомври“.

Scroll to Top