На Антарктикот се отвори дупка четири пати поголема од Македонија

На територијата на Антарктикот се појавила дупка со големина на американската држава Мејн, пишува весникот „Мадерборд“. Оваа дупка е четири пати поголема од територијата на Македонија.

Според зборовите на професорот Кент Мура, експерт за физичка атмосфера од Универзитетот во Торонто, таа површина изгледа како „да сте пробиле дупка во мразот“. Таквата дупка обично се формира во крајбрежните региони на Антарктикот, но овој пат се појавила на само стотина километри од малите санти мраз. Засега не е познато што го предизвикало нејзиното настанување.

„Доколку немавме сателит, немаше да знаеме дека е таму“, рекол Мур. Тој додал дека во ’70-тите години од минатиот век во близина на тоа место, во околината на Веделовото Море се појавила слична дупка. Меѓутоа, поради недостиг на технички средства, научниците не успеале доволно да ја проучат.

„Сега дупката се врати“, додал експертот. Мур и неговите колеги со помош на сателит и роботи кои можат да работат на големи длабочини сакаат да пронајдат одговори на прашањата кои се појавиле пред повеќе од 40 години. Научниците се надеваат дека овој пат ќе добијат многу повеќе податоци.

Scroll to Top