На аукција продадени пури од личната колекција на Кастро

На аукција во Бостон е продадена кутија пури од личната колекција на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро. Пурите се продадени за 26.900 долари, во дрвена кутија на која стои потписот на Кастро со син фломастер. Кутијата содржи 24 пури кои имаат печат, а на дното на кутијата е ознака на производителот „Тринидад фундадорес“. Овие пури се произведувале исклучиво за Кастро од 1980 до 1998 година, а можеле да се изнесат од земјата само ако биле подарок за странски државници.

На аукцијата е продадена и фотографија од Кастро која била потпишана за филантропот Ева Халер.

Scroll to Top