На фудбалерот Мартин Јанушев долго време му се заканувале

Полицијата сѐ уште трага по убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев, кој беше изрешетен викендов во скопски Аеродром.

Мартин, како што раскажуваат за „Телма“ оние што го познавале, периодов бил вознемирен, добивал заканувачки пораки на телефон, а некои од роднините велат дека тој дента и во кафулето се видел со лица поврзани за убиството. Мотивот засега е непознат.

Дваесет и осумгодишниот Мартин бил застрелан 4-5 пати во пределот на главата и вратот со пиштол.

МВР трага по осомничениот и обезбедени се и сведоци што ќе го препознаат, известува „Телма“.

 

Scroll to Top