На Меѓународната вселенска станица откриено нешто што не потекнува од Земјата

Тешко е да се поверува дека Земјата е единствена планета на која има живот во оваа бесконечна вселена која постојано се шири. Затоа е возбудливо што е пронајдена бактерија на Меѓународната вселенска станица, поточно на нејзиниот надворешен дел.

Кога астронаутите излегуваат од станицата, според процедурата, земаат примероци и материјали од надворешната страна, кои потоа ги испитуваат научниците на Земјата. Главната цел е подобро да разберат како функционира Меѓународната вселенска станица, но и да се испита можноста на (вонземјански) живот во вселената.

Можно е бактеријата да е донесена од Земјата, но рускиот космонаут напомена дека можеби тоа и не е случај. Всушност, бил убеден дека тоа не се случило, пишува ladbible.com.

„Бактеријата што не била таму во текот на лансирањето на Меѓународната вселенска станица е пронајдена на памучните стапчиња со кои се земаат примероци“, наведе Антон Шкаплеров за руската агенција ТАСС.

„Тие се дојдени од некаде во вселената и се вгнездиле на станицата“.

Тој, сепак, напомена дека нема никаква опасност и дека истражувачите работат на тоа да откријат за каква бактерија станува збор. На сличните мисии е пронајдена бактеријата од Земјата, но таа би можела да ги преживее разните и екстремни услови во вселената, како и температурите меѓу – 150 и 150 Целзиусови степени.

Се разбира, доколку се утврди дека бактеријата дошла од место што не е од Земјата, тоа ќе претставува значајно откритие затоа што бактеријата може да ја отвори вратата на сè што лежи или плови некаде во вселената.

Scroll to Top