На продажба најчистиот скапоцен дијамант во руската историја

Рускиот рудник на дијаманти „Алроса“ сака да ја продаде единствената колекција од пет дијаманти, вклучително и камен од 51,38 карати, кој е најчистиот од сите големи дијаманти произведени во текот на целата руска историја на производство на скапоцени камења.

Колекцијата наречена „Династија“ се состои од пет дијаманти добиени со сечење на 179-каратен необработен камен, што пред две години е пронајден во Јакутија.

„Колекцијата навистина е единствена. Сите дијаманти се произведени од еден необработен дијамант, што е редок случај. Беше потребна година и пол да се креира колекција. Резултатот вредеше за трудот, добивме дијаманти со врвен квалитет„ изјавил претседателот Алросе Сергеј Иванов, додавајќи дека колекцијата добила сертификат од Американскиот гемолошки институт.

Scroll to Top