На Средно Водно пак со автомобили, полицијата морала на протест  

Автомобилите денеска слободно се движеа до Средно Водно и покрај забраната што ја воведе Град Скопје. Од таму информираат дека на Водно денеска немало полиција, затоа што екипите биле ангажирани за протестот што ќе се одржи попладнево во Скопје, а е организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сообраќајната полиција денеска не беше во можност да постави патроли на двата влеза на Водно заради најавените протести во центарот на Скопје и очекуваните автобуси од другите градови“, велат од Град Скопје.

Од таму им се извинуваат на рекреативците за, како што велат, малкуте возачи кои не ги почитувале знаците за забраната за движење за викенди и празници.

Scroll to Top