Најбизарниот човек на светот – Единствениот на планетава кој јаде струја

Мисли дека 80% од неговото тело е струја…

Нареш Кумар (42) од Индија тврди дека има единствен дар. Вели дека ја црпи својата сила од струјата, и дека таа го „храни“, па не треба да јаде ништо друго.

Вели дека тој дар го открил сосема случајно. Додека бил на работа ја допред жицата под напон, но не му било ништо. Одлучил подобро да ја истражи својата супермоќ. Зграбчил неколку жици под напон и сватил дека струјата може да ја користи како храна.

„Ако сум гладен и ако во куќата нема храна, имам жици и тие ме заситуваат на половина час. Струјата ја јадам како храна“, изјави Нареш Кумар.

Тврди дека може да допре било кој електричен уред како телевизор, машина за перење, фрижидер и дека нема да му биде ништо“.

„Мислам дека 80% од моето тело е струја“, вели Нареш и додава дека во неговата куќа има еден куп жици, па може да јаде струја кога и да посака.

„Нема прекинувачи и моите деца се плашат дека може да не убие струјата“, вели Нареш, а неговата жена додава дека тој е опседнат со допирањето на голи жици.

Иако сигурно не е единствен кој тврди дека струјата не му може ништо, засега тоа е единствениот кој тврди дека се грани со струја, пишува OddityCentral.

Scroll to Top