Најбрзото вселенско летало, ја откри најскриената тајна на Сончевиот систем

„New  Horizons“ делумно користи нуклеарна енергија, а најпознат е по прекрасните слики на Плутон кој ги има испрати на Земјата во јули 2015 година.

Американската вселенска сонда „Nju horajzons“ (New  Horizons), е најбрзото вселенско летало кое досега е лансирано, и се приближува до Кујперовиот појас, регионот на ледени астероиди, во орбитата на најдалечните планети.

„Тој делумно користи нуклеарна енергија, а најпознат е по прекрасните слики на Плутон кој ги испрати на Земјата во јули 2015 година, пишува Спутник. Сондата пред пет месеци меше „умртвена“ поради штедење на енергијата, додека орбитирала кај појасот Кујперов.

Леталото ќе биде повторно активирано на 11 септември, при патувањата од 16 месеци, до MU69, објектот во Кујперовиот појас за кој се верува дека бил присутен во моментите на настанување на Сончевиот систем. Тој се наоѓа на четири милијарди милји од Земјата, и се чини дека претставува најдолгото досегашно вселенско патување.

Постоењето на МU69, не им било познат научниците кога „New  Horizons“ бил лансиран во 2016 година, а по негова заслуга или вина, Плутон од деветте планети на Сончевиот систем, стана џуџеста планета, позната како „астероидот 134340“.

„Најверојатно ќе пронајдеме исконски бинарен систем во појасот Кујперов, четири милијарди годидни стара реликвија формирана од Сончевиот систем и егзотичен градежен елемент, на мали планети во налик на Плутон во Кујперовиот појас“, изјави главниот истражувач на НАСА за „New  Horizons“, Алан Стерн.

Тој додаде дека можно е да постојат огромен број на мали тела, преостанати од времето од настанувањето на планетите на Сончевиот систем.

Директорот на планетарните науки во НАСА, Џим Грин, наведе дека мисијата на „New  Horizons“ на Плутон ги надминала очекувањата и дека до денешен ден податоците кои сондата ги испратила, продолжуваат да изненадуваат.

„Возбудени сме затоа што продолжуваме понатаму да истражуваме во мрачните длабочини на Сончевиот систем, до научните мети, кои не биле откриени кога вселенскиот брод е лансиран“, додаде Грин.

Во сондата се наоѓаат и дел од пепелот Клајд Томбоа, научникот кој го откри Плутон. Неговата последна желба беше да неговата пепел, биде испратена во вселената.

Scroll to Top