Најевтино пиво во Каракас, најскапо во Дубаи

Популарниот портал Lonely Planet спроведе истражување за тоа каде се продава најевтиното пиво во светот. Тие како мерка користе пинта, британска мерна единица, што е малку повеќе од половина литар пиво, односно 568 милилитри.

Според нивното истражување во Каракас, главниот град на Венецуела, малку повеќе од половина литар пиво чини околу 0,58 евра.

Спротивно на Каракас, најскапо пиво се точи во Дубаи. Таму, просечната цена на пинта пиво изнесува 9,85 евра.

Истражувањето било спроведено во 177 градови, по што заклучиле дека пивото е скапо во Доха (9,85 евра), Рејкјавик (8,50 евра) и Осло (8,1 евра), но дека е евтино во Ташкент (0,67 евра) и Лагос (0,72 евра).

На листата се најде и Скопје со просечна цена од 1,57 евра за половина литар пиво.

Scroll to Top