Напишал проштално писмо и отишол да се самоубие, а потоа му заѕвони телефонот

На Кевин Волш еден неочекуван телефонски повик му го смени животот.

-Како 13-годишник бев сам во летен камп кога ми пријде најзгодното девојче  и ми рече: „Црната боја ти стои одлично“. Не знаев што сака со тоа да каже“, ја почнува својата приказна Кевин. Почнале да разговараат и на крајот се спријателнивме. Разменивме броеви и некое време по летото останавме во контакт, а потоа тргнавме во средно и секој по својот пат“

„Морам да признам, не помина ниту еден ден а да не помислам на Блеки. Дури и денеска со сигурност не можам да кажам зошто, но од некоја причина не можев да го исфрлам од глава, објаснува Кевин.

Пред крајот на школувањето, поради сплет на несреќни околности тогаш 17-годишниот Кевин паднал во тешка депресија.

„Раскинав со девојката, кучето ми угина на денот на мојата матурска забава…Сето тоа ме погоди потешко отколку што очекував. Одлучив да се убијам. Напишав проштална порака и отидов на местото каде мислев тоа да го направам. Само неколку секунди ме делеа од самоубиство, а потоа ми заѕвони мобилниот. Некој ме барше од непознат број. Се јавив и сфатив дека е таа.

Ја прашав што има, а таа ми одговори дека почувстувала дека треба да ми се јави, додава Кевин кој последен пат со Блеки се слушнал година дена претходно.

„И реков што планирав. Таа преплашено ми рече ’Немој да го правиш тоа’! Рече дека утре повторно ќе ми се јави, и така беше“…

“Таа вечер почнав да пишувам зборови со кои 10 години подоцна ја запросив, се потсетува Кевин.

Двојката останала во контакт, а од време на време пријателството прераснало во љубовна врска. Оваа неверојатна приказна доби филмски среќен крај, кога Кевин ја запроси Блеки.

Тие се во среќен брак веќе година дена, а Кевин вели дека е пресреќен што остатокот од живот ќе го помине со неа.

Scroll to Top