Немаа поим што напаѓа ова чудовиште-убиец – Го вратија во вода, но ГОРКО ЗАЖАЛИЈА

Поради тоа што е уловена риба не им давала претстава за тоа што може да биде, и не ги потсетувала на нешто што го виделе претходно, ја сликнале и добронамерно повторно ја вратиле назад во водата.Нордијските рибари од локалниот канал извлекле три килограми тешка озлогласена риба-убиец. Реткиот улов се случил во градот Норкопинг, во кој се наоѓа Мотала Стрим, речен систем со должина од 100 километри кој води во езерото Ватерн во Балтичкото море.

Џонатан Розалес често оди тука на риболов со пријателите. Досега никогаш не уловиле ништо слично. Овој пат, тој и неговите пријатели имаа повеќе стапови во водата, кога наеднаш во неа видоа сенка која се движи. Изненадувачки, мамецот исчезна.

„Сите моравме да влеземе и да го извлечеме. Но, умираше кога го извлековме од водата“, го прераскажува Розалес своето единствено искуство.

Тогаш здогледале три килограми тешко чудовиште, необично грозно со остри заби. Поради тоа што рибата не потсетувала на нешто што го виделе претходно, го снимиле и добронамерно, повторно го вратиле назад в во водата и најверојатно после тоа, зажалиле.
„Ние сме спортски рибари, па го пуштивме“, изјави Розалес.
По објавувањето на сликите на рибарскиот форум, дознаа дека тоа не е ништо друго туку паку, блиски сродник на родот пирани од Јужна Америка. Експертите сметаат дека загризот може да предизвика големи проблеми.
За жал, аквариумската риба често се ослободува и така успева да стигне во природните води, поради што постои ризик да се наруши природната рамнотежа. Покрај тоа, постои дополнителен ризик од ширење на нови рибни болести.

Паку е слатководна риба, која, за разлика од неговиот озлогласен роднина, воглавно се храни со билки, но може да достигне должина и до еден метар и тежина до 40 килограми. Познато е дека е многу ивазивен и дека брзо се размножува во поволни услови.
На Папуи Гвинеја, каде се одгледува за храна, има репутација да сака да ги напаѓа човечките тестиси, па затоа го има надимакот „топка“.
Scroll to Top