Новиот „фолксваген широко“ ќе биде на електричен погон

До 2025 година речиси 30 проценти од германските автомобили ќе бидат потпомогнати или целосно управувани од електричен погон, а според новите податоци, така ќе биде и новото електрично купе „фолксваген широко“ , автомобил кој ќе се базира на специјалната платформа за електрични возила MEB.

Флексибилноста на оваа архитектура ќе му овозможи на брендот да понуди неколку верзии на енергија во зависност од автономијата на батеријата, која се очекува да биде во рамките на 350-600 километри. Базната верзија ќе биде со вкупна моќност од 170 КС, а топ-изданието ќе има 300 КС.

Scroll to Top