Новогодишната магија донесете ја и дома

Внесете го новогодишниот дух во вашиот дом и почувствувајте ја празничната атмосфера. Со неколку практични и едноставни совети донесете ја новогодишната магија и дома.

Решете се дали целиот дом ќе го декорирате во ист стил и боја или секоја просторија ќе биде поинаква.

Елката поставете ја на мала масичка. Така ќе изгледа пограндиозно.

На столовите, на цвеќињата во саксија, на завесите… заврзете панделки. Изберете бои што одговараат со другите декорации.

Есцајгот на свечената вечера заврзете го со сатенска панделка.

Закачете ѕвончиња на вратите. Освен што изгледаат декоративно, нивниот звук ќе ве развеселува секогаш кога ќе влегувате или излегувате.

На масата ставете чинија со бонбони и колачиња.

Во голема стаклена чинија ставете шишарки и лампиони.

Во рамка од слика закачете неколку лампиони и заврзете панделка. Поставете ја рамката на комодата или на влезната врата.

Свеќи со различна висина наредете во послужавник, а околу нив ставете вистински или вештачки борови гранчиња.

Во голем стаклен сад ставете морска сол и наредете мали фигури од Снешко или Дедо Мраз. Тоа може да го направите и во стаклени чаши.

Украсете го огледалото со борови гранчиња, лампиони и декоративни ленти.

 

Scroll to Top