Новото откритие може да промени сè што знаеме за човековата еволуција

Проучувањето на ДНК примероците на предците на современиот човек покажаа дека нашиот вид е многу постар отколку што се мислеше досега.

Студијата дошла до заклучок дека Хомо сапиенсот се појавил пред најмалку 260 или 350 илјади години, а доказот е добиен уште во јуни кога во Мароко беше пронајден фосил кој е стар 300 илјади години.

Пред тоа, најстар беше фосилот од Етиопија кој беше стар нешто помалку од 200 илјади години.

Овојпат научниците ги испитуваа ДНК примероците на фосили од Јужноафриканска Република што припаѓале на тројца ловци-собирачи од каменото доба. Истражувачите потоа ги споредиле со генетскиот материјал од други древни луѓе, како и разни современи луѓе.

Матијас Јакобсон од шведскиот Универзитет во Упсала, со неговиот тим процениле дека првото одвојување на Хомо сапиенсот од другите човекови видови се случило пред 260 и 350 илјади години. Своите откритија, тие ги објавиле во списанието „Science“.

Но, не сите се убедени во таа верзија. Имено Тод Дисотел, професор по антропологија на универзитетот во Њујорк кој не учествувал во новата студија, смета дека научниците на основа на некои претходни претпоставки помислиле дека настанувањето на Хомо сапиенсот се случило многу порано отколку што се мислело. Тој останува на тоа дека првото раздвојување се случило пред околу 200 илјади години.

Scroll to Top