Нуркачи ја најдоа подморницата на Ескобар и открија трага кон 57 милијарди евра

Поранешни агенти на ЦИА, наводно, откриеле една од подморниците што наркобосот Пабло Ескобар ги користел за шверцување кокаин, пренесува „Дејли мејл“.

Ескобар ја користел подморницата за транспорт на кокаин од Колумбија во Порторико по што стоката ја пренесувал на копното на САД.

Ако ова е таа подморница, тогаш би можела да содржи траги кои конечно би можеле да откријат каде се наоѓа неговото богатство вредно 57 милијарди евра.

Нуркачите што работеле за ЦИА ја истражуваат непознатата локација во Колумбија, пренесува „Сан“.

Каналот „Дискавери“ ги следел за време на нивната експедиција во која ги барале парите на познатиот наркобос.

Подводните камери го прикажуваат морското дно, каде што агентите откриле метал и некоја кутија, но без никакви индиции дека во близина се наоѓа кеш.

Но, групата заклучила дека по поместувањето на остатоците од подморницата, сепак можеле да го пронајдат тоа што го барале.

Пабло Ескобар бил познат наркобос од Колумбија. Го водел картелот Маделин, кој во текот на 80-тите години дури 80 отсто од кокаинот го увезувал во САД. Тој својата криминална кариера ја започнал како тинејџер на улиците на Маделин кога продавал шверцувани цигари и крадел автомобили.

Потоа преминал на трговијата со кокаин во текот на 70-тите години, а работата му била толку успешна што морал да купи дури 15 авиони и шест хеликоптери за својата стока да ја пренесе во САД.

Пабло во своите најдобри денови заработувал дури 420 милиони долари неделно и речиси 22 милијарди долари годишно.

Во 1989 година магазинот „Форбс“ го прогласи за седми најбогат човек на светот. Многумина на него гледале како на Робин Худ затоа што им помагал на сиромашните во Колумбија и правел станови за бездомниците.

Убиен е во 1993 годниа кога се обидел да побегне од властите преку блиските покриви со своите телохранители, кои исто така се убиени.

Многумина тврдат дека Ескобар извршил самоубиство кога повеќето од богатството го скрил на непозната локација, а поголемиот дел од тие пари никогаш досега не е пронајден.

Во 2009 година пронајдени се осум милиони долари во скриениот комплекс во изградба во џунглата, каде што биле и фабриките со кокаин.

Гледајте:

Scroll to Top