„Обликот на водата“ со 13 номинации за Оскар

Вчера во Холивуд беа објавени номинациите за наградата Оскар, а филмот „Обликот на водата“ доби 13 номинации. Втор е „Данкирк“ со осум.

За најдобар актер се номинирани Тимоти Шалумеј од филмот „Скриена љубов“ и Даниел Кулују од „Бегај!“, Даниел Деј-Луис, Гери Олдман и Дензел Вашингтон. За најдобра глумица номинирани се Сали Хокинс, Францес Мекдорманд и Мерил Стрип, Марго Роби и Сирша Ронан.

За најдобар филм ќе се борат „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ на Мартин Мекдона, „Обликот на водата“, „Пошта“, „Лејди Брд“, „Бегај!“, „Данкирк“, „Најтемниот час“, „Викај ме по твоето име“ и „Фантом Тред“.

За најдобра споредна улога се номинирани актерките Мери Џеј Блајџ, Алисон Џани, Лесли Манвил, Лори Меткалф и Октавија Спенсер, а во машка категорија се номинирани Вилијам Дефо, Вуди Харелсон, Ричард Џенкинс, Кристофер Пламер и Сем Роквел.

За Оскарот за најдобар режисер ќе се борат Кристофер Нолан за филмот „Данкирк“, Џордан Пеле за филмот „Бегај!“, Пол Томас Андерсон за „Phantom Thread“, Гиљермо дел Торо за „Обликот на водата“ и Грета Гервиг за „Лејди Брд“, што е само петта жена во историјата на Оскарите номинирана во оваа категорија.

За најдобро оригинално сценарио номинирани се Емили В. Гордон и Кумаил Нанјиани за „Мојата љубовна приказна“, Џордан Пеле за „Бегај!“, Грета Гервиг „Лејди Брд“, Мартин Мекдона „Три билборди“ и Гиљермо дел Торо и Венеса Тејлор за „Обилкот на водата“.

Доделувањето на Оскарите е закажано за 4 март, а исто како и минатата година ќе го води Џими Кимел.

Scroll to Top