Од утре студ, а пристигнува и снегот

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од минус еден до пет степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до три степени.

До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер.

Утрата ќе бидат најстудени в четврток и в петок.

За време на викендот се очекува ново зголемување на облачноста проследено со повремено засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, особено во западните и северните делови.

 

Scroll to Top