ОТКРИВАМЕ: Каде боли, а каде не боли да се тетовирате

Тетоважите не се за секого, а оние кои ќе решат да се тетовираат, а не поднесуваат болка, нека изберат тетоважата да го краси најнеосетливото место на телото. На овие фотографии се означени најболните и најнечувствителните места на телото погодни за тетовирање.

Вистината е дека секако ќе боли. Но одредени делови од телото се екстремно чувствителни на болка, и со овие зони треба да си „играат“ само најхрабрите и најпосветените. Графиконов на Tattoos-Hurt.com ги истакнува преку боја – со жолта се означени најмалку болните зони, а со виолетовата се означени исклучително болните и најранливите, при кои може дури и да се онесвестите.

Треба да се напомене дека секој има различна толеранција на болка, а и најболните зони не се распоредени како на мапава баш кај секого. Сепак, графикот дава добра генерална слика за тоа што ве чека при дружењето со иглата. Притоа, правилото „од око“ (rule of thumb) е дека ако сте особено скокотливи во некоја одредена област, таму веројатно многу ќе ве боли да се тетовирате.

На крајот, сепак, најважно е да изберете тетоважа што ќе ја сакате и таа задача да му ја доделите на вистински професионалец.

Мате Јосифоски / mate.tattoo
Scroll to Top