Отворен ресторан во кој вработените се заразени со ХИВ

Група канадски гурмани отвориле привремен ресторан во кој работат лица заразени со ХИВ. Целта им била да ги срушат предрасудите за пренесување на тој вирус преку храната.

Ресторанот е отворен во Торонто во вторникот, а готвачот бил човек заразен со ХИВ. Како што наведуваат светските медиуми, вработените носеле престилки на кои биле испишани пораки „Бакни го ХИВ-позитивниот готвач“ и „Доби ХИВ од паста“.

Идејата да се отвори ваков ресторан потекнувала по минатомесечното истражување по кое речиси половина од испитаниците изјавиле дека би јаделе храна што ја подготвува некој заразен од ХИВ.

Влезниците за овој привремен ресторан се продадени за помалку од две недели. „Би сакале да направиме нешто вакво и во Њујорк, Сан Франциско и во Лондон“, изјавија од ресторанот. На менито на ресторанот имало супа од компири, праз и леб со ѓумбир.

Scroll to Top