Овој фитнес фанатик потроши многу пари за да изгледа постаро

Личниот фитнес-тренер Павел Ладзиак од Варшава потроши вистинско мало богатство за да изгледа постаро, а сè тоа за да биде поинтересен за фановите на социјалните мрежи и да „се издвојува од другите познати личности“.Овој човек, кој има 35 години, наликува на 60-годишен пензионер бидејќи внимателно ги бојадиса своите коса и брада во бела боја, потполно идентична како седата коса.

И додека повеќето жени сакаат да изгледаат помладо и покрај себе да имаат помлад маж, жената на овој презгоден човек, Магда, обожава да биде, како што вели, со „постар маж“.

Павел, на социјалните мрежи познат како „Полски викинг (Polish Viking)“,  за порталот „Виртуална Полска“ објасни дека првпат ја бојадисал својата коса пред неколку години затоа што му се допаднал „со-бибер“ изгледот.

Павел е фитнес-модел, првпат почнал да тренира на 16 години и редовно објавувал фотографии на социјалните мрежи, но дури откако ја бојадисал косата, бројот на фанови и обожаватели почнал да се зголемува. Сега на „Инстаграм“ има 335.000 обожаватели.

Некои и го споредуваат со контроверзниот италијански бизнисмен Џанлука Ваки, пренесува „Дејли мејл“.

 

Scroll to Top