Падна првиот снег во соседството

Дека климата е потполно сменета покажува и првиот снег што денеска падна во Словенија. Неколку планински врвови се побелени, а меѓу нив и местото Кредарица, каде што се наоѓа највисоката метеоролошка станица во земјата. И Триглав е веќе забелен, а словенечките метеоролзи предвидуваат дека снегот ќе падне са сите места повисоки од 1.500 метри.

Кај нас иако времето потсетува на лето, се очекува големо разладување и пад на температурите. Кога ќе го видиме првиот снег на нашите планини за сега не се знае, но метеоролозите не го очекуваат до крајот на месец септември.

Scroll to Top