По шеснаесет часа патување до Скопје, малиот Деџи го доби сребрениот медал од Мурињо  

 

Адедеџи Оџумони – Деџи е детето кому Жозе Мурињо му го подари сребрениот медал по завршувањето на Суперкупот во Скопје. Деџи е по потекло од Нигерија, но живее во Англија. Веста за малиот Деџи ја пренесе нигерискиот портал Pulse.ng кога клубот Манчестер јунајтед на својот официјален фејсбук-профил јавно кажа дека го бараат детето со сребрениот медал. Според нигерискиот медиум, постариот брат на Деџи ги споделил веста и фотографиите од настанот на „Твитер“. Кога дознале за Деџи, клубот на Јунајтед стапил во контакт со татко му Ибрахим.

Тој заедно со осумгодишниот Деџи и постариот син од нивниот дом во Бристол шеснаесет часа патувал за да го гледа Суперкупот во Скопје. Од Бристол заминале во Лондон, од каде што авионски се упатиле во Софија (Бугарија). Од таму патувале шест часа до Скопје.

Scroll to Top