Почина Борче, момчето од Валандово за кое се собираа пари за лекување 

Почина младиот Борче Проданов од Валандово, за чие лекување изминатиов период се собираа донации од хумани граѓани и се одржаа голем број на добротворни настани. Во недела, на 24- ти декември беше планирано да се одржи хуманитарен концерт, на кој беше планирано да се постават кутии за донации за него. Веста ги затекнала сите вклучени во настанот.

Борче ја изгуби битката со болеста, а веста за неговата смрт ја објавија негови пријатели и роднини на социјалните мрежи.

Пред само десеттина дена во МОБ во Скопје се одржа модна ревија на креаторот Мите Занов, на која се собираа потребните средства за лекувањето на Борче (23), чија дијагноза беше dystrophy musculorum progressive, односно болест која ѓи напаѓа клетките на мускулите, со што престанува нивната функција.

Негови блиски изминатиов период во повеќе наврати апелираа до јавноста да донира, бидејќи им биле потребни 25.000 евра за лекување во странство.

Scroll to Top