Почина чешката тенисерка Јана Новотна

Почина поранешната чешка тенисерка Јана Новотна на 49-годишна возраст по долго битка со ракот, пренесуваат светските медиуми. Во својата 14-годишна кариера, Новотна освои 24 трофеи во професионалниот тенис и уште 76 титули во двојки.

Нејзин најголем успех во кариерата беше и освојувањето на Вимблдон во 1998 година, што беше и нејзин единствен трофеј на грен-слем турнирите. Претходно играше две финалиња на Вимблдон во 1993 и 1997 година.

„Јана беше инспирација за сите што ја познаваа на теренот и надвор од енго. Нејзината ѕвезда секогаш ќе сјае во историјата на ВТА. Сакаме да изразиме сочувство до нејзиното семејство“, изјави извршниот директор на ВТА, Стив Сајмон.

Scroll to Top