Почина фудбалерот Мартин Јанушев, застрелан во населбата Аеродром

Фудбалерот Мартин Јанушев, кој што беше застрелан пред влезот на зградата во која што живее во населбата Аеродром подлегнал на повредите.

Тој во клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ бил донесен без знаци на живот, а лекарите 40 минути се обидувале да го реанимираат, но безуспешно, по што констатирале смрт.

Според очевидци, Јанушев бил застрелан со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот.

 

Scroll to Top