Почна сезоната на грип, регистрирани 67 болни

Од 13 до 19 ноември се регистрирани 67 нови случаи на заболени од грип, што е зголемување во споредба со претходната седмица кога биле регистрирани 47 заболени лица, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Вкупниот број заболени од грип во сезоната 2017/2018 изнесува 367.

Изминатата недела најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Гостивар (23 случаи), а најмалку во Дебар.

Во епидемиолошките служби на центрите за јавно здравје/подрачните единици вакцинацијата почна на 17 октомври, а на располагање за вакцинација за сезонава се ставени 27.997 дози на вакцина. Досега се вакцинирани 27.990 лица, со што се искористени 99,9% од набавените вакцини. Најголем број вакцинирани се на возраст над 65 години.

Scroll to Top